Сè што треба да знаете
Капутот е главен актер во зимската мода и првото нешто што паѓа во очи. Истовремено, тој е и нашиот најдобар пријател кога температурите се навистина ниски. Но, дури и ако имате секаков капут во вашата колекција, секогаш ќе се прашувате кој е најсоодветниот за секоја температурна состојба. Некогаш ќе облечете премногу дебел капут и ќе ви биде жешко, а понекогаш премногу тенок и ќе ви биде ладно. За да ви помогнеме во ова, избравме три температурни категории и капути што се идеални за секоја од нив.
Различна температура – различни капути
На 15°C
Штом времето достигне околу 15°C, тоа веќе значи дека зимата пристигнала. Но, ова не значи дека треба да ги извадите најтоплите капути од гардеробата. Тенок капут или тренч мантил се совршени за вакви денови. Ќе ви понудат удобност без да ви биде премногу жешко и ќе ве направат да изгледате елегантно во исто време.
На 10°C
Кога температурите ќе паднат до 10°C, време е да се посегне по подебели капути и удобни јакни. Оваа сезона модата ги фаворизира пуд јакните во впечатливи бои, но и шарени капути со карактеристични дезени како каро. Со вакви парчиња зимата може лесно да ви стане омиленото годишно време – стилот и топлината се совпаѓаат совршено.
На 0°C
Најдобриот начин да се соочите со екстремниот студ е со избор на капути од вештачко крзно – било во неутрални нијанси како црна и кафеава или во вашата омилена светла боја. Штом температурите паднат до нула, тоа е сигнал дека е време за крзнениот капут. За среќа, модните брендови нудат голем избор на крзнени капути во различни должини и бои, така што можете да најдете одговарачки и за опуштени, но и за формални прилики. Алтернатива се дебело подштафани капути и јакни – и тие се одличен избор за многу ладни денови. Ако имате вакво парче – сега е моментот да го носите. Ако не – време е за ново шопинг-патување.
Дополнителен совет
Уште еден начин како да се справите со ниските температури, а да не компромитирате на изгледот, е со добро познатиот трик на стилистите – слоевито облекување. Капут преку јакна, крзно одозгора, кардиган или блејзер под јакна – комбинациите се бесконечни. Целта е една – да ви биде топло, да се чувствувате пријатно и да изгледате модерно во секој момент.