
Иако оваа сезона се носат силни бои и храбри креации на нокти, вистинската ѕвезда што го освојува бјути светот е… едноставноста!
Маникирот во Almond Milk стил е мала револуција во светот на ноктите — нежни, млечни тонови што потсетуваат на бојата на бадемово млеко и зрачат со елеганција и минимализам.
ЗОШТО ALMOND MILK Е ТОЛКУ ПОСЕБЕН?
Затоа што претставува совршен баланс меѓу суптилност и стил, правејќи го идеален за секоја прилика — без разлика дали сте на деловен состанок, на кафе со пријателки или на летна забава.
ОБЛИКOT E КЛУЧЕН
За да го добиете вистинскиот Almond Milk изглед, вашите нокти треба да бидат во препознатливиот бадемест облик — нежно заоблени врвови, кои визуелно ги издолжуваат прстите и даваат софистициран ефект. Ваша рака, како да носи мала модна тајна.
БОЈАТА ШТО ОСВОЈУВА
Овој стил се потпира на природниот изглед — нијанси кои ја комбинираат транспарентната бела, млечно-нюд и бледо розева. Идеални тонови се млечната полупроѕирна бела, бледо розево-беж и нуд со студени подтонови.
ТЕКСТУРА И ФИНИШ
Избегнувајте нанесување премногу слоеви — минимализмот е клучот! Маникирот треба да изгледа речиси проѕирен, со суптилна боја што нежно ги истакнува природните нокти. Сјај? Да, но дискретен — како ноктите сами по себе да се негувани и совршени.
Almond Milk маникирот е најголемиот тренд што ќе ги направи вашите раце неодоливо нежни и елегантни, а сепак сосема ненаметливи. Совршена комбинација од природен изглед и софистицираност — токму она што го посакува секоја модерна девојка.