Home Живот и здравје Како да најдеш мотивација за во теретана? Науката вели – трикот е поедноставен отколку што мислиш!

Како да најдеш мотивација за во теретана? Науката вели – трикот е поедноставен отколку што мислиш!

Како да пронајдеш мотивација за теретана? Науката вели – трикот е поедноставен отколку што мислиш!

Есента пристигна, се враќаме во секојдневната рутина по летните одмори… барем во теорија.

Во пракса, планот „од понеделник почнувам“ лесно се префрла за во вторник, па во среда… а потоа сфаќаш дека поминал цел месец без ниту еден тренинг. Но, научниците имаат едноставно, современо и – што е најважно – научно поткрепено решение кое може да ти помогне конечно да се активираш.

Твојот најдобар фитнес сојузник можеби веќе се наоѓа на твојот зглоб. Да, зборуваме за паметен часовник. Можеби ти изгледа како уште еден „технолошки додаток“, но истражувањата покажуваат дека во комбинација со онлајн тренер, може да стане вистински личен тренер – и тоа без да го напуштиш домот.

Во една студија, возрасни лица кои неодамна дознале дека имаат дијабет тип 2 добиле персонализиран план за вежбање: 150 минути неделна физичка активност со умерен до висок интензитет, прилагоден според нивното темпо, со поддршка преку телефон или видео повици.

Резултатот?

Оние кои носеле паметен часовник биле многу поподготвени да започнат и да ја задржат рутината на вежбање во споредба со тие без уред. Дури и една година по завршување на програмата, многумина сѐ уште вежбале, а половина од нив успешно го исполнувале својот неделен фитнес-таргет.

Паметниот часовник не брои само чекори – тој го следи напредокот, го мери пулсот, ги бележи тренинзите, испраќа потсетувања и ти дава оној мал „поттик“ кога најмалку ти се оди. А кога ќе го споиш со онлајн тренер, добиваш поддршка и мотивација што тешко се игнорира.

Значи, можеби проблемот не е во тебе… можеби ти треба само еден мал дигитален сојузник за да те поттурне кон следниот тренинг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…