Како да ја пребродите сезоната на вируси и грип?
Во тек е сезоната на вируси и грип, а единственото решение за полесно поминување низ овој период од годината е посветена работа на зајакнување на имунитетот.
Рецептот на Данијела Димитровска, кој се состои од само три состојки, нуди долгорочно решение и прави чуда за одбрамбениот систем на организмот.
Данијела Димитровска, која редовно споделува совети со своите следбеници за нега, шминка и мода, реши да го открие својот личен трик благодарение на кој успева да остане здрава и кога сите околу неа се настинати.
Нејзиниот ден започнува со напиток од три едноставни состојки, кој, како што вели, сериозно го зајакнува нејзиниот имунитет.
Рецепт за чај од ѓумбир по рецептура на Данијела Димитровска:
Потребно:
- Свеж корен од ѓумбир
- Цел лимон
- Една лажичка мед
- Свежи листови нане (по желба)
Подготовка:
Излупете и ситно исечкајте парче свеж ѓумбир. Ставете го во вода и варете додека да зоврие, потоа оставете го настрана околу 15 минути да се олади. Процедете го чајот, потоа додадете свежо цеден сок од лимон, а на крајот и лажичка мед. Пијте го овој напиток секое утро. Освен што го подобрува имунитетот, позитивно влијае на дигестивниот систем и го забрзува метаболизмот.