Пролетта е тука за да го освежи гардероберот, а тешкиот зимски капут полека заминува во заборав.
Ако барате еден парче кое автоматски ќе го подигне секој ваш outfit, кожниот мантил од новата колекција на Mango е вистинска ѕвезда на сезоната. Тоа не е само капут – тоа е модна изјава која ги спојува класичната елеганција на trench мантилите со модерна и edgy нота на вистинска кожа.
Богатата нијанса на кафе додава софистицирана алтернатива на класичната беж, внесува длабочина и топлина на секој изглед, додека кожниот финиш дава оној “expensive” ефект кој сите го бараме. Совршен е и за дневни комбинации: над вашите омилени фармерки и бела кошула за прошетки низ град, како и над лесни фустани кога се подготвувате за вечерно излегување. Резултат? Стил, самодоверба и шарм во еден потег.
Она што го прави овој мантил посебен е неговата разноврсност – вистински е моден “камиелеон”. Структурираната силуета благодарение на ременот ја нагласува фигурата, додека кројот ласкаво го следи секој облик на тело, правејќи да изгледате секогаш средено. Во светот на модата кој се движи брзо, вакво кожено парче во безвременска боја останува инвестиција што никогаш не се заборава и никогаш не излегува од мода.