
Фустанот на Јована Јоксимовиќ остава без здив
Јована Јоксимовиќ и Жељко Јоксимовиќ се појавија на црвениот тепих по повод прославата на 80-годишнината на Црвена Ѕвезда. За оваа специјална пригода, Јована избра гламурозен фустан, изгледајќи како вистинска холивудска филмска дива.
Фустанот на Јована Јоксимовиќ беше полн погодок. Долга, црвена тоалета до подот, совршено ја истакна нејзината силуета. Витката линија дојде до израз, а дополнителна доза елеганција и сензуалност ѝ даде необичниот изрез на грбот, кој овој фустан го прави навистина посебен.
За да ја заокружи модната комбинација, Јована ја стилизираше косата во елегантна пунџа и нанесе класичен црвен кармин, кој уште повеќе ги нагласи нејзините црти на лицето.
Она што го заокружи целиот стајлинг и му додаде еден посебен модерен допир беше асиметричната металик чанта во сребрена боја, која внесe минимален, но впечатлив футуристички печат.
Додека Јована блескаше во својот гламурозен стајлинг, Жељко се одлучи за подискретен, но елегантен изглед – темно сина одела, комбинирана со откопчана светло сина кошула, без вратоврска, што совршено му прилегаше.