ЈАС НЕ ЗАСЛУЖУВАМ ВИСТИНСКА ЉУБОВ: Вака жените се убиваат во поим..

Не е лошо да се биде сам, но често девојките кои немаат дечко, а сакаат убава и стабилна врска, се саботираат самите себеси. Ова се најчестите лаги кои жените ги зборуваат кога се во прашање момците, а ако во нив поверуваат тешко дека ќе пронајдат совршена врска.

Никогаш нема да го пронајдам момче од соништата

За почеток, момчето од соништата ретко кога постои во готово издание. Жените кои го имаат, го имаат бидејќи сами се потрудиле да стане, а оние кои го чекаат само да се појави пред нивната врата, никогаш нема да го имаат. Целта е од несовршен маж да направите некој кој ви се доближува до идеалите, а не да добиете готов производ.

Јас не заслужувам вистинска љубов

Ако така размислувате, никогаш нема да се осудите да ја побарате, Вистинската љубов, како и совршениот маж, не е нешто што само го пронаоѓаш. Околу истото морате да се потрудите, па дури и кога мислите дека не е вистинскиот, морате да дадете шанса. Ако одете низ светот во потрага по вистинската, идеална љубов, ќе одите сами.

Ќе бидам засекогаш сама

Ваквиот став е честа појава, особено, кога ќе се разочараме во љубовта. Ако постојано се уверувате дека ќе останете сами, тогаш секоја шанса за љубов ќе ви се чини неверојатна, бидејќи сте убедени, дека и тоа ќе пропадне. Ако верувате дека ќе бидете сами, постои шанса дека тоа потсвесно и ќе го постигнете. Наместо песимизам, пробајте да го прифатите оптимистичниот став и тргнете како да ве чека љубовта на аголот.