Home Вебкафе Јапонија отиде чекор понатаму: изнајми тип што ќе плаче со тебе

Јапонија отиде чекор понатаму: изнајми тип што ќе плаче со тебе

ЈАПОНИЈА ОТИДЕ ЕДЕН ЧЕКОР ПОНАТАМУ: НАЈМУВАШ МАЖ ДА ПЛАЧЕ СО ТЕБЕ

Твоите солзи повеќе не се сами – „Згодните момци што плачат“ се тука!

Ако постои земја што со право може да ја носи титулата „најкреативна кога станува збор за работни идеи и иновации“, тоа без сомнение е Јапонија. Од културата и начинот на размислување, преку козметички трикови и технологија, до невообичаени пристапи кон работата и секојдневието – Јапонците секогаш имаат некоја идеја што ќе не изненади, инспирира и ќе не натера да се запрашаме: „Зошто немаме вакво нешто и ние?“

Во земјата на изгрејсонцето, голем акцент се става на вистинските потреби на луѓето, емпатијата и менталното здравје. Токму поради тоа, настана една професија за која сите зборуваат: мажи кои се платени да бидат со вас додека плачете. Да, точно прочитавте – во Јапонија можете да најмите „Згодни момци што плачат“, на јапонски наречени Икемесо Данши, кои ќе ви дадат емоционална поддршка, ќе ви ги избришат солзите и ќе гледаат тажни филмови заедно со вас.

Веќе слушнавме за невообичаени услуги што ги нуди Јапонија – од изнајмување професионалец што ќе даде отказ во ваше име, со што се избегнува непријатноста и стресот, до тоа дека спиењето на работа се смета за знак на посветеност. Но Икемесо Данши одат еден чекор понатаму: овде плачењето не само што е дозволено, туку и препорачано како терапевтско. Мажите што ја работат оваа работа нудат дискретна и тивка поддршка, дозволувајќи ви целосно емоционално ослободување. А ако сакате, ќе гледате и тажни филмови заедно – затоа што, признаваме, нема посилно олеснување од плачење пред голем екран додека некој нежно ви ги брише солзите.

Стручњаците одамна нагласуваат дека плачењето има терапевтска моќ – го намалува стресот, ги балансира емоциите и помага во ослободување од болните мисли. И токму ова Јапонија го разбира подобро од повеќето – покажува дека изразувањето на чувства не е слабост, туку знак на сила, истрајност и храброст.

Во свет кој сè повеќе ги игнорира внатрешните потреби и брза низ секојдневниот стрес и обврски, вакви иновации нè потсетуваат дека грижата за сопственото психичко здравје е луксуз што сите го заслужуваме. А во Јапонија, благодарение на Икемесо Данши, добивате сигурна поддршка токму тогаш кога ви е најпотребна.

Ако некогаш се најдете во Токио и почувствувате потреба емоционално да се „испразните“, знајте дека постои некој што ќе ве слуша, ќе ги гледа вашите солзи и ќе биде тука за вас – без прашања и без осуда. И да бидеме искрени, тоа можеби звучи необично, но истовремено… е и прекрасно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Што открива кафето што го пиете за вашата личност?

ФИЛТЕР КАФЕ Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интрове…