Home Мода и убавина Јакна која одеднаш ја гледаме насекаде: новиот моден фаворит кој ги освојува гардеробите на стилски жените

Јакна која одеднаш ја гледаме насекаде: новиот моден фаворит кој ги освојува гардеробите на стилски жените

Во модниот свет постојат парчиња кои се појавуваат речиси незабележливо, а потоа одеднаш стануваат неизбежни.

Токму таков случај има една посебна јакна сезонава, која се почесто се појавува на модните писти, улиците на модните метрополи и Instagram профилите на модните инсајдери.

За време на актуелните модни недели во градови како Лондон, Милано и Париз, јасно можат да се забележат трендовите кои ќе доминираат во наредните месеци. Меѓу нив, веќе се издвојуваат неколку парчиња кои, без сомнение, ќе станат клучни елементи на пролетната гардероба.

Веќе се зборува за силното враќање на впечатливата кобалтно сина нијанса, како и за романтичните модни детали кои ќе ја обележат сезоната. Меѓутоа, кога се зборува за горна облека, покрај безвременскиот тренч капут, се појави уште еден модел кој модната сцена не го очекуваше – а сега го гледаме речиси насекаде.

ЈАКНА КОЈА ИЗНЕНАДА СТАНА МОДЕН ХИТ

Станува збор за впечатливо парче кое на интересен начин спојува различни модни влијанија. Наместо класични копчиња, оваа јакна има декоративно копчање познато како „frog closures“, детал кој и дава силен карактер и веднаш привлекува внимание.

По естетика потсетува на необична комбинација од военичка униформа, азиска силуета и винтиџ инспирација. Токму таа необична мешавина на стилови ја прави толку интересна и различна од се што сме виделе претходните сезони.

Се работи за таканаречената „frog closure“ јакна, модел кој модните инсајдерки многу брзо го прифатија. Денес го носат во различни варијации – од кратки, структирани верзии кои потсетуваат на военичко сако, до елегантни модели од сатен кои на целокупниот изглед му даваат поромантичен и пософистициран тон.

Без оглед на кројот или материјалот, еден детал секогаш останува во преден план: декоративното копчање на предниот дел. Токму тој елемент ја прави оваа јакна препознатлива и ја претвора во парче кое може комплетно да трансформира дури и наједноставните аутфити.

КАКО ДА ЈА НОСИТЕ „FROG CLOSURE“ ЈАКНАТА

Она што ја прави оваа јакна особено интересна е нејзината извонредна прилагодливост. Може да се носи речиси како топ и совршено функционира со скоени панталони, но и со прави фармерки за поопуштен изглед.

Истовремено, е идеална и за слоено облекување. Можете да ја оставите откопчана преку едноставна маица или да ја комбинирате со макси фустан, па дури и преку елегантен комбинезон.

Ако сеуште се двоумите дали ова е парче за вас, доволно е да ги погледнете уличните стил фотографии од модните недели. Токму таму се гледаат колку различни начини постојат да се вклопи оваа јакна во современиот стил. Едно е сигурно – оваа пролет ќе ја гледате на секој чекор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

5 нови пудри кои ветуваат совршена основа

5 нови пудри кои ветуваат совршена база Нови велнес лансирања кои вреди да се испробаат. Д…