Јадранка Костова добитничка на новинарската награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ која ја доделува ЗНМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова, е добитничка на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија

Фактот дека луѓето со кои работам ме предложија, јас веќе ја добив наградата. Кога ми се јавија од ЗНМ да ме известат, бев изненадена, но и среќна, рече Костова.

-Ова е двојна награда за мене. Прво, да се биде во служба на јавниот интерес и контролор на секоја власт. Кога беа едните на власт, не си ги нарушив принципите и два пати менував работно место. Кога беа вторите на власт, ме влечеа по судски процеси.

Второ, иако новинарството го дава индивидуалноста, потребен е и редакциски тим, позитивна атмосфера. Тоа даде резултат во „Без наслов, но со повод“, но го имам и во „Фокус“, со одлични колеги, рече Костова.

Во својот говор го спомена и основачот на „Фокус“, Никола Младенов, заради кој заминала да работи во овој медиум.

– Честопати жестоко полемизиравме со саати, но се согласувавме дека светот го движи напред борбата на мислења, а не едноумието, порача Костова.

Новинарката Соња Колевска-Делевска, од СДК.мк е овогодишната добитничка на наградата „Јашар Еребара“ за најдобра истражувачка сторија за нејзиниот серијал текстови за случајот со Тони Сали, младо момче, лице без државјанство, кое минатата година почина откако цела деценија водеше битка за да добие матичен број и извод на родени.

Наградата за известување на теми од локално и регионално значење ја добија новинарките Убавка Јаневска и Даниела Саздова од порталот Дума.мк.