
Емотивниот живот на Драгана Миќаловиќ веќе извесно време е тајна за јавноста
Откако за првпат нејзиниот љубовен живот се најде на насловните страници на таблоидите, младата актерка сфати дека популарноста и добриот однос со медиумите се меч со две острици.
Се покаја, но предоцна, сестрата на Слобода Миќаловиќ што ги споделила деталите од својата врска со Марко Ѓоковиќ со фановите.
Откако ја започна романсата со Стеван Пуриќ, логично беше што за тоа не зборуваше воопшто.
Сè за што сака да зборува во последно време е нејзината работа и плановите во таа насока.
Така, од нејзините уста до јавноста стигна веста дека заминува од серијата „Игра на судбината“, проект кој ѝ донесе огромна популарност.
Со подолг емотивен опис, Драгана се прости од теленовелата која ѝ ја обележа кариерата, а изгледа и приватниот живот.
„Фала за судбината. Како да ги составам зборовите што ќе се соберат во едно „фала“, а да опфатат сè што ми донесе „Игра на судбината“?
Ова не е само крај на една улога. Ова е крај на едно животно поглавје. Поглавје кое траеше со години, исполнето со љубов, насмевки, предизвици и безброј спомени.
Преку секој кадар, секоја сцена, секој дијалог, секоја насмевка и солза, растев и како актерка, и како човек.
Бескрајно сум благодарна! Фала на сите вас кои нè следевте… Фала вам, драги колеги! Вие сте навистина втора фамилија.
Огромно ФАЛА на екипата зад камерите, чии раце и срца стојат зад секоја сцена што ја засакавте.
Фала на публиката – на вас кои нè гледавте, поддржувавте, сакавте и направивте секој наш труд да има смисла.
Знаеме дека некогаш ви бевме бескрајно драги, а понекогаш бескрајно досадни. Намерата никогаш не беше лоша. Но, толку многу снимачки денови, напишани епизоди, научен текст, снимени сцени… пресоблекувања, шминкања…
Уна ми подари многу – и сила, и слабост, и борба, и љубов. И сега ја пуштам, со благодарност.
Драга Уна Христиќ (иако, некако Каначки ми беше подраго!) Ќе те паметам!
Фала што бевте дел од мојата судбина“ – истакна низ насмевка Драгана, која денес повторно објави видео како потсетување на серијата, па многумина заклучија дека не си заминала радосно, како што се веруваше, туку дека страда што повеќе не е дел од овој популарен проект.