Home Вебкафе Ја избркале од работа бидејќи го „разоткрила“ Дедо Мраз

Ја избркале од работа бидејќи го „разоткрила“ Дедо Мраз

Шпанка која работела како продавачка била избркана од работата откако на едно дете му открила дека Дедо Мраз не постои. Таа одлуката за бркање од работа ја обжалила на суд, но судот во Тенерифе ја отфрлил жалбата со образложение дека отказот бил оправдан.

Таа работела како продавачка во оддел за накит и часовници, кога на едно девојче и нејзиниот татко им рекла да одат во друга продавница, за мајката да одберен божиќен подарок за ќерката.

Во тој момент девојчето се изненадило што божиќните подароци не ги носи Дедо Мраз, туку ги купуваат нејзините родители, кои исто така биле изненадени од зборовите на продавачката.

Судот образложува дека и пред тој инцидент, продавачката неколкупати се однесувала непримерно во однос на својата професија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…