Извршниот пресече: ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со една пратеничка група – координатор ќе биде Мицевски


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок донесе одлука со која партијата во рамки на Собранието наместо досегашните десет пратенички групи, да дејствува со една пратеничка група.

Според одлуката на Извршниот комитет, пратеничката група ќе има нов координатор – пратеникот Никола Мицевски од Штип. Мицевски  доаѓа на местото на Драган Данев, кој се повлече на свое барање по последните случувања во партијата.

Тој беше беше координатор на 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ кои беа формирани кога почна расправата за смена на поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски со цел да се одолговлекува со процедурите.