Home Вебкафе Извадила пиштол и се распукала во МекДоналд оти добила ладен помфрит

Извадила пиштол и се распукала во МекДоналд оти добила ладен помфрит

Во понеделникот, во Гарден Сити, сојузна држава Џорџија, САД, една жена била уапсена од страна на полициските служби откако извадила пиштол и пукала во ресторанот на МекДоналдс бидејќи добила ладен помфрит.

Менаџерот на ресторанот тврди дека жената дошла во ресторанот, порачала , платила и си заминала, а потоа се вратила да се жали дека помфритот бил ладен и извадила пиштол.

Откако го извадила пиштолот, вработените во ресторанот се упатиле кон кујната за на жената да и направат свежа нарачка, но таа ги следела до таму и испукала еден куршум во подот. Потоа и било понудено да и бидат вратени парите поради пропустот со помфритот, таа прифатила, ги зела парите и си заминала.

Подоцна од ресторанот го пријавиле случајот во полиција, набрзо полицијата ја лоцирала жената која го предизвикала инцидентот и била уапсена без да пружи отпор.

Помфритот бил ладен па жената се претворила во Бин Ладен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врел…