Home Живот и здравје Истражувањата потврдуваат: две ноќи лош сон не прават да се чувствуваме како да имаме 4 години повеќе

Истражувањата потврдуваат: две ноќи лош сон не прават да се чувствуваме како да имаме 4 години повеќе

Постојат моменти кога науката нè изненадува и нè тера да извикаме: „Конечно, некој мораше да го каже ова!“. Токму таков е случајот со најновото научно истражување кое потврдува нешто што веројатно многумина веќе го имаат почувствувано: две ноќи со лош сон нè тераат да се чувствуваме постаро.

Имено, според истражувањата, доволни се само две лошо преспиени ноќи за човек да се почувствува не една, не две, туку цели четири години постаро. Научниците нагласуваат дека квалитетниот и беспрекорен сон е клучен фактор за да се чувствуваме помладо и поживо.

Психолозите од Шведска откриле дека, во просек, волонтерите се чувствувале повеќе од четири години постаро кога спиеле по само четири часа, две ноќи по ред. Некои дури изјавиле дека чувствувале како да стареат за цели децении. Спротивно на тоа, кога им било дозволено да спијат по девет часа, учесниците во студијата изјавиле дека се чувствуваат во просек три месеци помлади од нивната вистинска возраст.

„Сонот има огромно влијание на тоа како се чувствуваме за нашите години, и тоа не важи само за долгорочните навики во спиењето,“ вели авторката на студијата, доктор Леони Балтaр. „Доволни се само две ноќи со помалку сон за да се почувствуваме значително постаро.“

Истражувачите спровеле две студии. Во првата учествувале 429 лица на возраст од 18 до 70 години, кои одговарале на прашања за тоа колку се чувствуваат стари и колку ноќи лошо спиеле во текот на изминатиот месец.

Со секоја ноќ со лош сон, волонтерите во просек се чувствувале три месеци постаро. Тие што изјавиле дека не преспале ниту една бесона ноќ во претходниот месец, рекле дека во просек се чувствуваат речиси шест години помлади отколку што навистина се.

Во втората студија, истражувачите прашале 186 волонтери, на возраст од 18 до 46 години, како се чувствуваат по две ноќи со добар сон (девет часа) и две ноќи со само четири часа сон. По двете лошо преспиени ноќи, учесниците изјавиле дека се чувствуваат во просек за 4,44 години постари отколку кога спиеле повеќе.

Во списанието Proceedings of the Royal Society B, психолозите објаснуваат дека луѓето различно реагираат на недостаток од сон, и тоа во зависност од тоа дали се утрински или вечерни типови. Вечерните типови генерално се чувствуваат постаро дури и кога доволно спијат. Но, утринските типови биле значително повеќе погодени кога не спиеле доволно.

Д. Џулијана Хартеску, виша предавачка по психологија на Универзитетот во Лафборо, која не учествувала во истражувањето, дополнува дека недоволниот или нарушен квалитет на сонот има важна улога во животните навики кои на долг рок влијаат врз здравјето.

„Спиењето е променливо однесување кое има директно и веднаш видливо влијание врз здравјето,“ објаснува таа. „Потребно е време за да се видат ефектите од лошата исхрана или недостатокот на физичка активност. Но ефектите од лошиот сон се непосредни и имаат влијание на сите други 24-часовни навики.“

Десетгодишно истражување спроведено на повеќе од 4.000 учесници низ Европа покажа дека луѓето кои редовно вежбаат 2 до 3 пати неделно имаат значително помали шанси да страдаат од несоница во споредба со оние што не вежбаат. Особено, оние кои се физички активни два или повеќе пати неделно, барем по еден час, имаат 42% помал ризик од проблеми со спиењето и 55% поголеми шанси да имаат здрав образец на спиење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…