Home Вебкафе Истражувањата покажуваат: зошто е добро да јадете сами во ресторан?

Истражувањата покажуваат: зошто е добро да јадете сами во ресторан?

Многумина сметаат дека јадењето во тишина е тажно или непријатно, но за други тоа е омилен начин за опуштање по напорниот ден.

Имено, во студија објавена во списанието Форбс, докажано е дека луѓето кои повеќе сакаат да јадат сами имаат поголема самодоверба и го ценат своето време.

За потребите на научниците беше спроведено истражување меѓу луѓе на возраст од 25 до 34 години кое даде многу позитивен исход – дури 80% од луѓето изјавиле дека уживаат во сопственото друштво и дека воопшто не им е непријатно да излезат на вечера без партнер, пријатели или некоја друга личност. Од друга страна, мал процент од луѓето одговориле дека би претпочитале да гледаат пет од најстрашните хорор филмови еден по друг, наместо да одат на ручек или вечера без присуство на друга личност.

Водечкиот истражувач рече дека индивидуите кои често јадат сами по себе помалку се склони кон депресија и дека би било одлично кога сите би го промениле своето сфаќање за оваа активност. Јадењето без друштво во ресторан не треба да биде поврзано со осаменост, туку со квалитетно време поминато со себе си.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Инспиративни цитати на Хелен Мирен: како да живеете без грижи

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во секој смисол на зборот. Таа не престанува да с…