Исповедта на Ана Бекута: Научена да бидам помала од зрно афион
Ана Бекута годинава одбележува четири децении успешна кариера. Во искрен разговор, таа откри дека вистинската среќа ја пронашла во мирот, семејството и музиката, и зборуваше за тоа како борбата, љубовта и истрајноста ја обликувале низ животот и нејзиниот естраден пат.
„Постојано ми велат дека делувам како бенседин на луѓето, но тоа е таа смирувачка енергија што ја носам со себе. Поголемиот дел од животот сум вака мирна. Детството и почетоците на естрадата не беа такви, беа немирни, но сега кога го имам својот брод – семејството, внуците и кариера долга 40 години – немам причина да бидам немирна“, изјави Бекута.
„Го почитувам туѓото време, расположение, не фрлам масло на оган. Понекогаш знам да бидам директна, па луѓето се изненадуваат. Никогаш не сум со лоша намера – советите и мислењата ми се секогаш искрени и директни, кога некој ќе ме праша. Не можам да бидам поинаква од тоа што навистина го чувствувам“, додаде пејачката.
Големата гордост:
„Уште да ја омажам внуката и да го оженам внукот – тогаш ќе бидам навистина горда.“
„Никогаш не сум кажала дека ми е сè преку глава. Можеби некогаш сум уморна од пат или од луѓе што ми ја црпат енергијата, но кога ќе земам микрофон – сè заборавам. Публиката со која комуницирам – тоа сум јас. Со нив ги полнам батериите, тоа е обострана енергија. Сè уште не е дојден тој момент, но кога би дошол, ќе знам што да правам. Би се преселила на село, би имала кокошки, мачиња, кучиња, едно убаво домаќинство. Обожавам да готвам, ама сега немам време.“
За песната што ѝ ја одбележа кариерата:
„Тоа е песната ‘Ничија’. Ја пеев на Гранд фестивалот во 2007 година. Сања Поповиќ ме повика, немав песна и му реков дека не можам да учествувам без добра песна. Ми рече да ѝ се јавам на Брена. Ја повикав, а таа ми вели – Маче, имам песна за тебе за фестивалот. Стигнав да ја чујам и ги слушнав стиховите кои ме избраа токму мене. Песната што е Ана Бекута е ‘Јас не сум родена да живеам сама’.“
За срамежливоста:
„Секако дека ја имаше. Сакам комплименти – и за изгледот и за кариерата. Срамежлива сум кога ме фалат, не сакам да го слушам тоа. Бев многу срамежливо дете. Нашата слава е Свети Никола, моите ќе направеа голема гозба. Тато и мама знаеја дека убаво пеам, па сакаа да се пофалат пред гостите, ама јас не го сакав тоа. Потоа ќе се скријам позади параванот и пеев кога никој не ме гледа.“
Порака до помладата Ана:
„Би ѝ рекла дека нема причина да биде несигурна. Пораснав во мала средина, каде што нè учеа да сме помали од зрно афион. Кога родителите решат да ти дадат ветер во грб – тоа е вистински момент. Ми ја исполнија желбата да одам во гимназија, но требаше уште малку повеќе поддршка. Сама успеав да се изборам со несигурноста.“
За животниот пат:
„Никогаш не можев ни да сонував дека сето ова ќе ми се случи. Сакав да бидам просветен работник, но образованието ми беше прекинато. Го родив Игор на 17 години и тогаш прашањето беше – што понатаму? Почнав нов пат, сфатив дека имам талент. Дури на 20 години почнав да пеам.“
„Трајната среќа е мирот што го постигнав – семејството и кариерата“, изјави Бекута во емисијата „Жена за сите времиња“.
Заклучок:
„Борба од мали нозе – во училиштето, средното образование, низ животот и кариерата. Секогаш одев по потешкиот пат. Моите песни се бореа за мене. Си го следам внатрешниот глас и тој е со мене сите овие години. Целиот живот е борба. Ред, работа и дисциплина. Така ги учам и моите деца и внуци.“