
Еве каде ќе почива Саша Поповиќ
Саша Поповиќ почина по долга и тешка болест, а неговото заминување длабоко ги погоди сите што му беа блиски. Многумина му оддадоа почит преку социјалните мрежи – колеги, соработници, пријатели.
Комеморацијата во чест на Поповиќ ќе се одржи во Сава центар, кој може да прими околу 3800 луѓе, а се очекува голем број личности што го познавале да присуствуваат.
Медиумскиот маг не сакал да биде погребан во Алејата на заслужни граѓани, па затоа ќе почива на Бежаниското гробиште.
– Саша не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани. Неговото семејство обезбеди семејна гробница. Сакав тој еден ден и Сузана да биде покрај него, а семејството ја испочитува таа негова желба – изјавил близок пријател на семејството.
Гробот на Саша Поповиќ се наоѓа во непосредна близина на местото каде што е погребана мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша. На надгробната плоча сè уште не е изгравиран датумот.
Како што е објавено, Поповиќ ќе биде испратен на вечен починок со хорска изведба, а опелото ќе го водат повеќе свештеници. Пријатели и соработници ќе одржат говор во негова чест.