Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во секој смисол на зборот.
Таа не престанува да сјае! Мирен ни покажува дека жената треба да биде вредна, самоуверена и достоинствена. Таа никогаш не се плашеше директно да го изрази своето мислење. Иако одамна го надмина тоа што денес се смета за слава, оваа жена е далеку од арогантна, суетна ѕвезда.
Прочитајте ги следниве инспиративни цитати кои можат да служат како непроценливи совети за сите жени во светот!
“Сексуалната привлечност… станува се помалку важна со текот на годините, што е добра работа. Сѐ се менува со стареењето и тоа заслужува аплауз, зарем не?”
“Би сакала да ме паметат како продуктивна личност и некој кој, ако ништо друго, не нанел никаква штета. И секако, како велик уметник, бидејќи тоа е она што ме основно мотивира. Исто така и како фина и љубезна личност, иако сум сигурна дека многу луѓе нема да се согласат со тоа.”
“Никогаш не почувствував потреба да имам дете и никогаш не почувствував дека ми недостасува дете во животот. Секогаш го ставам работата пред сѐ друго.”
“Знаев да му кажам на Тејлор „зошто не се сретнавме порано“, но тоа всушност е добро, бидејќи веројатно денес не би биле заедно да се сретневме порано. Не би можела да се справам со него порано.”
“Не верувам дека добри работи ќе се случат ако правите добри дела. Сѐ во овој свет се случува сосем случајно и насумично. Понекогаш ќе се случат страшни работи на навистина добри луѓе, а понекогаш ќе им се случат убави нешта на лоши луѓе. Но, ако се трудите да правите добри работи, барем времето го поминувате правејќи нешто вредно.”
“Никогаш не бев тој тип ѕвезда. Никогаш не добив улога затоа што сум прекрасна.”
“Најважната работа во животот е да научите како да се носите со него.”
“За мене, сега е прилично добро да бидам јас.”
Јас сум лице кое се облекува од секонд шоп, но дома отвора шише шампањ.
“Сѐ уште го имам тој ‘цигански’ дух за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет повеќе од три или четири месеци цел мој живот. Секогаш садувам зеленчук чиј плод на крајот не го јадам и цвеќе кое нема да го видам како цути. Секогаш се селам низ светот.”
“Најтешкиот период во животот се дваесетите. Тоа е таква штета бидејќи тогаш сте најпрекрасни и физички во најдобра состојба. Но, тоа е исто така период кога сте најнесигурни и полни со сомневање во себе. Кога не знаете што ќе се случи, тоа е застрашувачко.”
“Целата таа работа околу облекувањето е луда. Можете да потрошите долар на јакна во некоја мала продавница. И можете да потрошите илјада долари на јакна во мегасторе. И ако ги видите овие две јакни на улица, веројатно не би знаеле која е купена каде.”
“Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат така да се изјаснат, но ако земете било која жена, се навратите 40 години назад и и’ кажете: ‘Дали ова е светот во кој би сакала да живееш?’ Таа би рекла ‘Не’.“
“Моите четириесетти беа добри. Петтеесетте беа извонредни. Шестите беа фантастични. А седумдесетите се проклето феноменални.“