Home Вебкафе Индиски богаташ плати масовна венчавка на 251 брачен пар

Индиски богаташ плати масовна венчавка на 251 брачен пар

Индиски бизнисмен и филантроп ги плати организациските венчални трошоци за 251 жена од сиромашните средини на Индија. Масовната венчавка беше организирана на католички Бадник.

Махеш Савани масовната венчавка ја организираше во градот Сурату во државата Гуџарату во западниот дел од Индија, а свеченоста опфати двојки од хиндуистичка, муслиманска и христијанска вероисповед.

Бизнисменот, кој инаку се занимава со продажба на недвижнини, веќе со години организира такви масовни венчавки за девојки кои, на пример, го изгубиле татко си и не можат да ја платат својата свадба. Од 2012 досега, вкупно 969 двојки стапиле во брак благодарение на овој добротвор.

***

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…