Home Живот и здравје Имате проблем со имунитетот? Еве го решението!

Имате проблем со имунитетот? Еве го решението!

Имунитетот е предуслов за добро здравје, а ако сакате да го одржите силен, внесете промени во вашата исхрана…

Загадениот воздух, нездравата храна и големиот стрес оставаат трага врз секого. Како да си помогнете? Најпаметно е на природен начин – со храна. Експертите ги препорачуваат овие намирници, кои докажано го зајакнуваат имунитетот:

Ореви

Доволна е само една шака секој ден. Оревите имаат многу витамини, омега 3 масни киселини и други нутритивни вредности кои го штитат здравјето на срцето и мозокот. Грицкајте ги за ужинка.

Спанаќ

Спанаќот секогаш е опишуван како супернамирница. Во спанаќот има многу витамини – А, Б2, Б6, Ц, К и Е. Тој изобилува и со антиоксиданти, фитонутриенти, протеини, омега 3 масни киселини и калциум.

Грашок

Тој содржи лептин кој помага да се намали апетитот. Изобилува со витаминот Б, калциум, калиум и фолна киселина. Сето тоа е одлично за здравјето на мозокот и кожата, а помага и при висок крвен притисок. Грашокот е добар во превенцијата од мозочен удар.

Лосос

Лососот е неверојатно здрава намирница, а особено се препорачува див лосос, кој содржи поголема количина на нутритивни вредности. Лососот е сјаен извор на протеини, витамин Д и комплексот од витамини Б, но и омега 3 масни киселини. Лососот докажано штити од карцином, кардиоваскуларни тешкотии, депресија и многу дрги болести.

Боровница

Освен што се вкусни, боровинките исто така се полни со фитохемикалии кои служат во борбата против најразлични болести. Боровинките содржат и флавоноиди и влакна, а сето тоа може да помогне во борбата против карцином, дијабетес, срцеви болести, чир во желудникот и високиот крвен притисок. Боровинките го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Јадете ги секојденвно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …