Home Живот и здравје Иако звучи неважно: После секс никако не заборавајте да направите една работа

Иако звучи неважно: После секс никако не заборавајте да направите една работа

Секако дека секое тело е различна приказна за себе, но женската интимна област е исклучително чувствителна и на најмали промени, особено кога станува збор за секс.

Сексот е супер и треба што почесто да се практикува, но за време на сексуалниот чин мажите и жените разменуваат милиони бактерии, како добри, така и лоши, а многу од нив завршуваат во уринарниот канал.

Токму затоа од голема важност е веднаш после сексот да се измокрите, со цел бактериите да не стигнат до места во организмот каде што можат да направат сериозни проблеми. Секако дека трчањето во WC може да ја уништи постсексуалната романтика, но сметаме дека може да жртвувате минутка галење за да избегнете сериозни воспаленија на урниарниот тракт.

Би било добро да го наговорите и партнерот да го посети тоалетот, за и двајцата да сте сигурни дека ќе спречите несакани проблеми, а подоцна можете да се „подружите“ и под тушот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе,…