И УНИЦЕФ апелира децата од септември да се вратат во школите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се ближи крајниот рок кога МОН треба да ги соопшти протоколите за отворање на училиштата. И УНИЦЕФ апелира дека децата мора да се вратат во училиште за да се спречи криза во учењето со катастрофални последици за генерации на ученици.

Истражувањето на МОН , покажало дека најголем дел од родителите, наставниците и директорите кажале дека наставата од септември треба да почне во училиштата , на дистанца со маски и во повеќе групи и смени дури 36 проценти проценти од директорите, 33 проценти од наставниците во основното и 38 проценти од наставниците во средното образование и 35 проценти од родителите поддржуваат комбиниран модел на настава во училница и на далечина.

Само 6 проценти од директорите, 14 проценти од наставниците од средните училишта и 10 проценти од основните училишта сакаат да продолжи наставата на далечина. Меѓу анкетираните родители 19 проценти се изјасниле за продолжување на наставата на далечина.

Во истражувањето доминираат одговори дека затворањето на училиштата ги направи учениците анксиозни, основците и средношколците онлајн учењето ги збуни кога имаат школски активности а кога слободно време затоа што учат од дома . Над половина од анкетираните наставници, 54 проценти, забележале зголемување на бројот на ученици кои имаа тешкотии или не успеваат да го усвојат тоа што им беше предавано. Повеќето наставници, 77 проценти, одговориле дека во некој момент за време на учењето на далечина не можеле да стапат во контакт со некои од нивните ученици, а дури и самите имале проблеми со интернет- околу 42 проценти имале ограничен или немале постојан пристап на интернет.

Министерот Адеми вели дека добиените резултати најдобро ги сумираат искуствата на поединците во улога на директори на училишта, наставници и родители.

Истражувањето на Меѓаши пак покажало деа најголем дел од родителите се за онлајн настава и комбинирана настава со физичко присуство и онлајн. Во однос на онлајн наставата изминатиот период дури 58.2 % од родителите рекле дека децата имале подобри оценки, но научиле помалку.

Реакции стасаа и од Народниот правобранител кој испрати мислење до МОН во кое нотира дека училиштата не беа подготвени за далечинско учење, особено во почетокот на корона кризата а притоа најпогодени се учениците во руралните средини, учениците од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

Учениците во земјава станаа од училишните клупи на 11 март, годината ја завршија онлајн , наставниците и директорите ќе почекаат уште некој ден пред да ги добијат протоколите за тоа како ќе ги примат назад во училиштата.