Home Актуелно И денеска сончево и жешко време

И денеска сончево и жешко време

И денеска, вторник, 26. јули, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 40 Целзиусови степени, Маврово 31, Охрид 34, Битола 37, Крива Паланка 35, Берово 34, Кавадарци 38, Дојран 39.

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…