Која храна го успорува метаболизмот
Често зборуваме како да го забрзаме метаболизмот, но ретко се прашуваме која храна може да го забави.
Постојат многу производи што можат да го забават функцирањето на метаболизмот. Затоа, ако не сакате да дојде до забавување на вашиот метаболизам, внимавајте на следниве производи.
Замрзнати производи
Поточно, нискокалорична замрзната храна. Често, кога сакаме да ослабеме, се вртиме кон вакви оброци. Но, овие производи немаат доволно калории, влакна и здрави состојки, што на крајот доведува до забавен метаболизам.
Диета без протеини
Диетите со ниско ниво на протеини го забавуваат метаболизмот. Причината е што нашето тело троши многу енергија за да ги разгради протеините, па кога нема доволно, метаболните процеси се забавуваат.
Алкохол
Сите знаеме дека алкохолот е наполнет со “празни” калории. Освен тоа, алкохолот го нарушува варењето и го попречува апсорбирањето на хранливите материи. Како резултат, телото задржува маснотии, што доведува до зголемување на тежината и забавен метаболизам.
Шеќер
Шеќерот е штетен кога се консумира во прекумерни количини. Доколку внесувате повеќе од 36 грама шеќер дневно, тоа може да резултира со создавање масни наслаги, особено околу половината, и со тоа да го забави метаболизмот.
Леб
Поточно, рафинираниот скроб или јаглехидратите што ги има во белиот леб и бел ориз. Наместо нив, подобро е да се обратите кон сложени јаглехидрати како што се интегралниот леб или киноата.
Млечни производи
Млечните производи може да предизвикаат проблеми кај луѓето што имаат интолеранција на лактоза или на млечни протеини. Кај нив оваа храна предизвикува нарушено варење, што исто така има негативно влијание врз метаболизмот.