Hotel Hygiene Exposed порачува: Овие работи поретко допирајте ги во хотелските соби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според студијата Hotel Hygiene Exposed , просечната хотелска соба е повалкана отколку еден типичен дом, школо, па дури и авион.

Нека не ве залажува чистиот изглед на собата – дури и собите во најскапите и нај атрактивни хотели имаат скриени бактерии бидејќи не се детално исчистени.

Според студијата, еден од најнечистите предмети во хотелските соби е далечинскиот управувач за телевизорот – чистачките кои мораат брзо да ги подготват собите за нови посетители ретко ги дезинфицираат далечинските, кои можат да содржат бактерии колку што има на седиштето од шолјата во тоалетот. Затоа, се препорачува пред користење да го пребришете далечинското со дезинфицирачки марамчиња.

26-11-stvari-hotelski-sobi2

Ништо почисти не се и телефоните, кои исто така често се занемарени од чистачките. Тие многу често се допирани од посетителите, а да не спомнуваме дека истите дишат во нив, што дополнително ги распространува бактериите. И за нив се препорачува задолжително пребришување пред користење.

Истото важи и за мијалниците во бањите, бидејќи според студијата, кај хотели со 3 ѕвезди кои биле тестирани, на нив биле пронајдени грам-позитивни коки – бактерии од кои што се развива стафилококно труење.

26-11-stvari-hotelski-sobi3

И последно – кофата за мраз.

Тие биле едни од најконтаминираните предмети во хотелските простории, а делумна заслуга за тоа има и фактот што машината која го произведува ледот исто така ретко се чисти. Затоа, доколку ви треба лед, од рецепцијата нарачајте неотворени пластични кеси.