Хари пак против своето кралско семејство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во новиот документарец Heart of Invictus, Хари повторно го нападна кралското семејство, обвинувајќи го за запоставување кога се вратил од Авганистан.

Во 2008 година, војводата од Сасекс се вратил од воена мисија, но наводно немало никој во семејството да му помогне да се справи со траумите што ги доживеал.

„За жал, како и многумина од нас, првиот пат кога размислувате да одите на терапија е кога лежите на подот во фетална положба, посакувајќи да се справите со вашите проблеми. И тоа е нешто што сакав да го сменам”. рече Хари.

Новиот документарец на Хари и Меган им донесе вртоглави 80 милиони долари заработка, а се состои од пет епизоди. Хари во него се претстави како татко на две деца, сопственик на куче, сопруг и покровител на фондацијата Invictus Games, фондација која им помага на воените ветерани во психолошкото закрепнување.

И во оваа прилика нагласи колку е тешко да се справи со смртта на неговата мајка на 12-годишна возраст: „И тогаш немав поддршка. Ниту семејството, ниту стручњаците кои би можеле да ме советуваат и да разјаснат што се случува со мене“. рече Хари.

Принцот Хари и Меган Маркл имаат големи надежи за успехот на нивниот нов документарец откако нивниот профитабилен подкаст за Spotify беше откажан во јуни, а серијата Хари и Меган не ги доби позитивните критики на кои се надеваа.