H&M Studio AW25: КОНТРАСТИ ШТО СОЗДАВААТ МОДЕН БУМ!
H&M Studio AW25 претставува колекција што нежно балансира меѓу футуризмот и носталгијата, спојувајќи нови модни визии со суровата убавина на материјалите.
Оваа сезона е вистинска игра на контрасти – од експлозијата на традиција и модернизам од Сао Паоло, до прочистениот минимализам на Стокхолм, од грубите текстури и бруталистичка архитектура до деликатноста на рачната изработка.
Фокусот е на женствени силуети што го комбинираат строгото и нежното, додека материјалите и деталите откриваат приказна за нова естетска слобода. Фустаните, плетените парчиња и палтата се со изразени постави, шевови и завршни рабови. Пеплум-детали, драпирани грбови и видливи патенти му даваат структура на сакоа, блузи и панталони, додека рабовите остануваат намерно сурови и природни.
ОД СТРОГА ЕЛЕГАНЦИЈА ДО КЕЖУАЛ ШИК АТМОСФЕРА
Колекцијата нуди сè – од структурирани парчиња како андрогени сакоа во црна боја со темносиво поставување и усогласени здолништа, пенцил-здолништа со светкавици и мрежести детали, црни волнени панталони со тесен крој, до опуштени варијанти: кафеав тексас сако, џинс-сет, „слип“ фустан што може да се носи посебно, или лесен балон-палто од најлон.
МАТЕРИЈАЛИ ШТО ЗРАЧАТ СО АВТЕНТИЧНОСТ
Волната, „шерлингот“, тексасот и најлонот се прослава на својата природна текстура, додека палетата на бои – кафеава, црвена, тегет, црна и бетон-сива – прави омаж на брутализмот. Енергичните нијанси на црвена, розова, магловито сина и небо-сина, во комбинација со винтиџ цветен принт, внесуваат креативна и ведра енергија.
АКСЕСОАРИ ШТО ОСТАВААТ ВПЕЧАТОК
Во колекцијата се истакнуваат темнокафени Wader чизми со отстранливи тока, голем кожен „слоучи“ ранец во бордо боја, кожени ракавици во сина боја и впечатливи ear cuffs-парчиња – совршени за смели комбинации.
Сезоната AW25 носи комплексност што ја надминува едноставноста – инспирацијата од тропскиот брутализам на Сао Паоло и минималистичката чистота на Стокхолм создаваат силни и впечатливи силуети. Оваа колекција е прослава на женската енергија која е истовремено и строга и нежна – современата жена што истражува, експериментира и постојано открива нови модни правци.
H&M Studio AW25 пристигнува во H&M продавниците и онлајн на hm.com од 25 септември.