Гоца Тржан за Story за родителството: Грешка е да ги смениш сите навики поради детето
Популарната пејачка Гоца Тржан (51) за Story раскажува како се справува со фактот што нејзината ќерка стапува во светот на возрасните. Секогаш отворена и искрена, таа ги споделува своите мајчински грижи поради промените кај нејзината наследничка која, по завршувањето на четвртата година во средното училиште, влегува во нова, турбулентна фаза од животот.
„Една вечер, под влијание на хормонално-емоционален пад, заплакав и му реков на Раша: ‘Таа сѐ повеќе пораснува, сѐ помалку ќе ѝ требам јас, а мене таа ќе ми треба сѐ повеќе’. Кога ќе ме чуе како го зборувам тоа, Лена ми вели: ‘Не збори глупости, се гледа дека најмногу сакам време да поминувам со тебе, не со којзнае кој’. Моментот беше, како што велам, патетично-хормонален и самосожалувачки, но тоа е родителство. Нејзиниот живот драстично се менува по завршување на средното, исто како што се промени кога премина од основно. Тоа е тежок период, но сите сме поминале низ него, па ќе помине и таа. Не ја родила кукавица мајка ѝ (се смее).“
За односот со сопствените родители и вредностите што ги пренесува
„Сѐ уште имаме прекрасен однос, а исто така и нивниот однос со Лена е фантастичен, и затоа сум многу среќна. Таа често ми вели – одам да спијам кај нив. Сите сме поврзани. Среќна сум што имаше привилегија да има баба и дедо во добро здравје, кои имаа време и можност да бидат со неа и да и се посветат.“
За мајчинството и работата во исто време
„И тогаш не размислував многу. Како да си во некој вртлог и немаш многу избор. Работев како што мораше, бидејќи не сум мајка што ќе ѝ го препушти детето на дадилки. Сметав дека моја обврска е да се грижам за неа и да бидам емотивно поврзана со неа. Сакав веднаш да се навикне на начинот на живот кој јас го водам, бидејќи не сакав таа да живее некако поинаку. Семејство сме и треба да бидеме блиски. Од првиот ден Лена беше на тркала – низ авиони, на моите гради, во раце, во количка… Имаше помалку од два месеци кога првпат патуваше. Се сеќавам како вчера, на свадба на пријатели спиеше ‘како пушка’, а музиката беше до максимум. Да не зборам дека и денес, штом ќе влезе во автомобил, веднаш може да заспие, бидејќи од мала стекна таа навика.“
За пристапот кон родителството
„Еден познат актерски пар еднаш кажа – ние двајцата го создадовме нашиот свет, а детето влегува во него, затоа треба да го приспособиме на тој наш свет, бидејќи од него живееме. Грешка е кога луѓето, по раѓањето на дете, ги менуваат сите свои навики. Да, моите навики драстично се сменија кога ја добив Лена, но не можев да престанам да ја работам својата професија поради тоа.“
За емисијата „Ако проговорам“
„Малку се изморив од ‘психотерапевтирање’, затоа што луѓето неретко ја преминуваат границата и ми поставуваат разни прашања, а и јас самата толку влегов во улогата на ‘лајфкоуч’. Морам да се вратам на забава. Ме привлекуваат животните теми. Но ми се чини дека голем број луѓе кои се занимаваат со ‘тематизирање’ на телевизија сакаат да звучат посериозно, а јас не си давам премногу значење и не се доживувам себеси како премногу сериозна личност.“
Како публиката ја доживува
„Секој од нас, кога ќе дојде на работа, презема некоја улога, па така и јас пред камера или на сцена ја играм улогата на Гоца Тржан, пејачката. Но во оваа емисија сум некоја што сака да им помогне на луѓето да разговараат самите со себе, да не го сфаќаат животот премногу сериозно, но и да не го бараат вечно виновниот во другите. Добро е да се знае дека ние самите сме често најголемата причина за тоа што ни се случува. За разлика од многу други јавни личности, јас ги споделувам своите искуства. На некои луѓе тоа не им се допаѓа, но на големата већина ѝ прија кога ќе види дека сите имаме исти проблеми и дилеми, дека сите чувствуваме болка, конфузија, недостиг, страв. Во таа емисија не морам да ја играм улогата на Гоца Тржан, туку да бидам тоа што можеби отсекогаш сум сакала да бидам, но ретко сум го покажувала во медиумите.“