Големо признание од Николина Капор по 12 години брак: Саша и јас се разделивме…
Николина и Саша Капор се во брак веќе 12 години. Тие се родители на две прекрасни деца – синот Николaj и ќерката Николета, а нивната љубов со години ја градат врз меѓусебна доверба и почит.
Сепак, Николина не крие дека низ годините нивната врска поминала и низ турбулентни моменти. Во емисијата „Претрес“, искрено призна дека често се одвојувала од сопругот и дури се сомневала дека ја изневерува, што изненади многумина.
„Имаше моменти кога не бевме заедно, кога си давав простор да одам кај моите неколку дена, тој остануваше дома да работи. Николaj тогаш одеше во градинка и мене ми годеше тоа време кај моите, многу ми значеше, а сега веќе не можам така да функционирам,“ откри Николина, отворено признавајќи дека Саша ја повредил емоционално.
„Ме повреди, но му простив. Заедно со тоа растевме, созревавме и ѝ дававме нова шанса на нашата љубов. Јас, како верник, верувам дека бракот е многу комплицирана и тешка работа. Тоа е борба за опстанок секој ден, борба што црпи многу енергија и емоции.“
Николина исто така призна дека за време на бременоста се сомневала во верноста на својот сопруг, но смета дека тоа било под влијание на хормоните и психичката состојба во таа фаза.
„Не ме изневери, барем така чувствувам – и нека остане така. Дури и ако сега дознаам дека ме изневерил пред две, пет години – нема да му простам. Строга сум кога станува збор за такви работи и имам мои принципи и ставови. Сепак, се сомневав, како и секоја жена. Бремена си, треба да се породиш, не си си убава самата себеси, цело време си во некоја друга состојба.“