Home Вебкафе Го следи проклетството: Поради името и презимето за него никаде нема работа!

Го следи проклетството: Поради името и презимето за него никаде нема работа!

Индиец, кој по вокација е бродски инженер, има проблеми во барањето работа и тоа само поради своето име. Имено, ова 25-годишно момче се вика Садам Хусеин.

Досега тој бил одбиен на 40 работни места, иако бил студент со солиден просек. Кога сфатил дека со своето име никогаш нема да најде пристојна рабоота, тој решил да се прекрсти во Сајид, но тогаш наишол на нов проблем – бавноста на процедурите и бирократијата.

„Луѓето се плашат да ме вработат. Работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба“, рече тој за Хиндустан Тајмс.

Хусеин извадил дури и нов пасош и возачка дозвола со новото име, но сега пак, не може да докаже дека завршил факултет, оти на дипломата го има неговото старо име.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…