Фуере до Вархеји: Треба да се засрамите за „бугарските грижи“ и да си поднесете оставка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившиот европратеник Ерван Фуере се огласи со коментар на статусот на Твитер од актуелниот еврокомесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји во однос на бугарско-македонскиот проблем.

– Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ“, пиша Фуере во коментар на твитот на Вархеји во кој тој вели дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ.

– Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе, наведува Фуере.

Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.

Еврокомесарот Вархеји вчера на Твитер објави дека „ЕУ ги прифаќа сите бугарски загрижености мошне сериозно“ и дека тие ќе станат дел од преговарачкиот процес на земјава со Унијата.

– ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни, напиша вчера Вархеји на Твитер.