Home Актуелно Филипче се сретна со родителите на Јасмина – починатата пациентка чие срце минатиот викенд беше пресадено кај друг пациент

Филипче се сретна со родителите на Јасмина – починатата пациентка чие срце минатиот викенд беше пресадено кај друг пациент

Првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче, утрово откри дека 40-годишната Јасмина Василковска е донорот со чие срце изминатиот викенд беше направена третата трансплантација во историјата на македонското здравство.

Министерот денеска се сретна со мајката и таткото на Јасмина, кои покрај нејзиното срце, се согласија и да ги донираат нејзините бубрези.

„Утрово сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи.

Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша утрово Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…