Ферги во пеколот на дрогата: Халуцинирав и имав деменција од метамфетаминот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарната пејачка Ферги се бори да ги надмине негативните емоции после разводот од Џош Дахамел, со кој беа во брак осум години.

Во интервју за Daily Mail пејачката открива колку ѝ е тешко и како се изборила против зависноста од метамфетамин.

„Кога бев на дното страдав од хемиски индуцирана психоза и деменција, халуцинирав на дневна основа. Требаше да помине една година откако престанав да земам дрога, за хемијата да прекине да нанесува штета на мојот мозок и тогаш престанав да халуцинирам“, вели Ферги.

Додаде дека знаела да седи на едно место, затворена во некоја просторија и да гледа зајаци или пчели. На почетокот сето тоа било забавно, но потоа почнало да излегува од контрола.

„Денот кога престана да ми биде забавно е денот кога мојата сила, вера и надеж во нешто подобро“, вели пејачката.

Моментално го промовира својот прв соло албум, Double Dutchess и многу работи. Ги негира шпекулациите дека ја напуштила групата The Black Eyed Peas.

„Моментално сме на одмор. Ние сме семејство и така ќе биде засекогаш. Би сакала да можев да снимам и свој соло албум и албум со нив, да ги промовирам и да имам уште едно дете. Но, немам доволно часови во денот за тоа“, заклучува Ферги.