Фаучи лажел за коронавирусот, Пентагон знаел за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тим од истражувачи од американското Министерство за одбрана уште во 2020 година имале составено убедлив демант на студијата која Ентони Фаучи ја користеше како доказ дека вирусот кој предизвикува ковид-19 има природно потекло. Нивниот извештај, за жал, стана достапен за јавноста дури во мај 2023.

Документот на научниците и лекарите од Пентагон форензички го демонтира случајот со природнот потекло опишан во студијата која Фаучи ја користи, притоа заклучува дека сценариото за природното потекло за САРС-КоВ-2 не се заснова на научна анализа, туку на непотрекепени претпоставки.

Постоењето на овој интерен документ на Пентагон е од клучно значење, бидејќи докажува дека владините служби, уште во раните месеци на пандемијата биле свесни дека нема докази за природно потекло на вирусот. Официјалните лица на Пентагон исто така биле свесни дека Фаучи се обидува да наметне лажен наратив за потеклото на ковид.

Денес дискредитираната студија со која мавташе Фаучи била зачната за време на една тајна телеконференција од 1 февруари 2020 година, која најверојатно имала за цел цел да се оттргне вниманието од можното лабораториско потекло на вирусот.

Фаучи инструирирал научници да напишат студија што би можела да се искористи за да се дискредитира теоријата за протекување на вирусот од лабораторија.

И покрај тоа што бил директно вклучен во зачнувањето на трудот, како и во обликувањето на неговите аргументи, улогата на Фаучи беше сокриена од јавноста. На двајца главни „јатаци“ во врска со студијата (Кристијан Андерсен и Роберт Гери), Фаучи подоцна им подарува раскошни грантови финансирани од даночните обврзници.

На 17 април 2020 година, медиумите беа шокирани од тврдењето на Доналд Трамп дека пандемијата најверојатно започнала во лабораторија во Вухан во Кина.

На истата прес-конференција во Белата куќа, Фаучи категорично ја отфрли можноста за лабораториско потекло, наведувајќи ја студијата за која сега стануива збор.

Истовремено, Фаучи глумеше независност, па новинарите ги убедуваше дека не може да се сети на имињата на авторите.