Home Вебкафе Фасцинантни снимки од огнената топка што предизвика земјотрес и ја промаши Америка

Фасцинантни снимки од огнената топка што предизвика земјотрес и ја промаши Америка

Луѓето ја зачуваа прибраноста и ја снимија оваа необична појава на небото. Метеорот кој прелета над Мичиген предизвика земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.

Научниците изјавуваат дека огнената топка која се појавила над Мичиген во вторникот, звучела како грмотевица, а се работело за метеор, пренесува АП.

Американското здружение за следење на метеори соопшти дека забележале над стотина пријави за огнената топка која се движела на небото. Пријавите стигнувале и од Онталија и Канада, па така дошле до заклучок дека метеорот прелетал 6 држави.

„Откако прегледавме голем број снимки кои ги снимија граѓаните, со сигурност може да потврдиме дека не се работи за гром или молња, туку за метеор“, велат од здружението.

Некои од жителите на Мичиген пријавиле дека нивните куќи се „тресат“. А од здружението соопштуваат дека метеорот влегол длабоко во атмосферата пред да се распадне.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека во Мичиген е регистриран земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…