Еве што му порача Си Џинпинг на Путин на заминување од Москва (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Кина Си Џинпинг ја заврши својата официјална посета на Русија.

Џинпинг и Путин беа снимени како топло се збогуваат на крајот од дводневната средба во Москва, која заврши вчера. Кинескиот лидер при заминувањето му рекол на рускиот претседател дека „во светот се во тек геополитички промени“.

Двајцата лидери повикаа на „одговорен дијалог“ за решавање на украинската криза, при што Си призна дека Пекинг и Москва потпишале договор што ги доведува нивните врски во „нова ера“ на соработка.

„Во моментов доаѓа промена каква што не сме виделе 100 години – и ние сме тие што ги поттикнуваме овие промени заедно“, му рече Си на Путин додека стоеше пред портите на Кремљ. Рускиот претседател одговори: „Се согласувам“.

Си потоа се ракуваше со Путин и му рече: „Чувај се, те молам, драг пријателе“. Путин одговори само со: „Среќен пат“.

Во отсуство на напредок во однос на Украина, самитот првенствено имаше за цел да ја покаже силата на односите меѓу Русија и Кина, во контекст на зголемените тензии меѓу овие земји и Западот, наведува агенцијата „Франс прес“.

Во заедничката изјава со призвук од Студената војна, двајцата лидери го нападнаа Западот, обвинувајќи ги Соединетите Држави за „поткопување“ на меѓународната безбедност за да ја задржат својата „воена предност“ и изразија „загриженост“ за зголеменото присуство на НАТО во Азија.