Еве колкава плата ќе зема Трајановски, новиот извршен директор на Телеком


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со одлуката која беше донесена на извршниот одбор на операторот за комуникации „Македонски телеком“, нов извршен директор кој ќе застане на чело на компанијата ќе биде Горан Трајановски. Трајановски ќе го замени досегашниот директор Жарко Луковски кој беше разрешен од функцијата и од бордот на директори.

Одборот на директори на Македонски телеком А.Д., на вчерашната седница, го избра Горан Трајановски за извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на друштвото, со плата од 7.500 евра месечно.

Горан Трајановски е кадар на владејачката партија кој беше член на Комисијата за информатичко општество. Претходно додека Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи му беше советник за телекомуникации и информатика.

Во одборот на Телеком влегоа и Сашо Велески за Неизвршен член, Анета Симеска Димоска за Неизвршен член, потоа Замир Мемети кој е Неизвршен Независен член на одборот и Дивна Јовковска – Ефтимоска за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото.