Home Актуелно Еве која земја има најмногу резерви на злато во светот и како стоиме ние на тоа поле

Еве која земја има најмногу резерви на злато во светот и како стоиме ние на тоа поле

Според најновата статистика на Светскиот борд за злато, Македонија има 6,8 тони резерви на злато, а за регионална споредба – Словенија има 3,7 тони, Албанија три тони, Босна и Херцеговина има 2,7 тони, Хрватска 2 тона, Црна Гора 1,1 тон.

Убедливо на прво место според резервите на злато во регионот е Србија – 38,5 тони, покажуваат податоците на Светскиот борд за злато.

Во светски рамки САД имаат најголеми резерви од 8.133 тони злато. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони. Интересно е што некои богати земји, како Канада и Норвешка, воопшто немаат злато во девизните резерви.

Најголем нето продавач минатата година беше централната банка на Казахстан, која продаде 50,7 тони злато. Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година беше на второ место со 62,2 тони, а убедливо прва беше централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато.

Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголеми за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тон. Според податоците на Светскиот борд за злато, побарувачката на злато во 2022 година беше најголема од 1950 година, откако почнаа да се следат овие податоци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…