Home Мода и убавина Есен во шише: парфемите на Зара што предизвикуваат насмевки и комплименти

Есен во шише: парфемите на Зара што предизвикуваат насмевки и комплименти

ЕСЕН ВО ШИШЕ: ПАРФЕМИ ОД ЗАРА ШТО ВОЗБУДУВААТ И ОСВОЈУВААТ

Есента е совршено време за освежување на стилот – од гардероба, преку фризура, па сè до мирисот што го носиме.

По жешките летни денови, доаѓа период кога посакуваме топлина, префинетост и малку „зачинет“ луксуз. Во тој дух, парфемите стануваат клучен детал што може да го промени расположението и да го заокружи секој стајлинг.

Затоа ѕирнавме во колекцијата на Зара и ги одбравме четирите парфеми кои ќе ја направат оваа есен неодоливо привлечна и слатка:

1. Тјуберос Винтер

Овој парфем е вистински симбол на елеганција – баршунасти ноти на љубичица и ирис се спојуваат со кремаста база од ванила, креирајќи префинет и интензивен мирис. Тајанствената топлина на овој парфем опива како мек, луксузен шал и остава впечатлив траг на сензуалност.

2. Вајбрант Карамел

Слатко задоволство што освојува! Нотите на бергамот и мандарина даваат освежувачки почетен впечаток, додека срцето од цветови на јаболко внесува нежен здив на свежина. Базата од ванила и пралини го прави овој парфем неодолив, идеален за оние кои сакаат мирис што предизвикува насмевки и комплименти.

3. Амбер енд Фиг Кашмир

За љубителите на дрвенести и префинети ноти – овој парфем ја комбинира цитрусната искра на лимон и розов бибер со нежно срце од смоква и бело дрво. Длабоката база од амброксан, сив килибар и пачули му дава на мирисот луксузна длабочина и трана топлина.

4. Твајлајт Мов Винтер

Свеж, но заводлив – сочна црвена јаболка и светкава фрезија креираат овошно-цветна комбинација, додека дрвената база од сандалово дрво додава ненаметлива софистицираност. Резултатот е парфем кој е истовремено жив, топол и елегантен – совршен за есенски денови и романтични вечери.

Овие мириси се повеќе од обични парфеми – тие се мали есенски луксузни искуства, подготвени да го направат секое ваше појавување незаборавно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…