ЕСЕН БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТА: ДИЕТА ШТО ВИСТИНСКИ ФУНКЦИОНИРА
Диетите не се само ефикасен начин за намалување на телесната тежина.
Тие имаат и лековити својства: го прочистуваат телото од токсини, го забрзуваат метаболизмот и го обновуваат киселинско-базниот баланс. И тоа не е сè што можат да направат за вас – нивните позитивни ефекти се бројни.
Есента е идеално време да започнете со намалување на телесната тежина и воведување на поздрави навики во исхраната, па затоа ви препорачуваме да ја пробате оваа диета!
Диетата на д-р Ева Дабровска
Диетата што ја развила докторката Ева Дабровска се смета за една од најефикасните, но воедно и една од најздравите диети досега. Нејзината главна цел е самоизлекување на телото, а намалувањето на телесната тежина се јавува како “несакан” но добредојден ефект. Оваа диета го чисти организмот, ја обновува слузницата на цревата и го подобрува метаболизмот, поради што често се нарекува и терапевтски пост.
Според оваа диета, комбинацијата на нискокалоричен пост со внесување на витамини, ензими, микроелементи и растителни влакна го активира природниот механизам за обновување на клетките и го поттикнува процесот на самоизлекување. За време на постот се согоруваат протеини и масти кои ги складираат токсините и штетните продукти од метаболизмот. Телото се чисти, а како резултат на тоа, се намалува и телесната маса.
Дополнителен плус од оваа диета е подобрување на изгледот на кожата, косата и ноктите. Целиот третман се состои од две фази:
– фаза на чистење и забрзано обновување , во која на организмот му се внесуваат околу 800 калории дневно
– втора фаза, во која постепено се напушта постот преку урамнотежено мени и постепено зголемување на калориската вредност на оброците (до 1500 калории дневно)
Зошто оваа диета е најдобра токму во есен?
Терапевтскиот пост на д-р Дабровска се заснова на зеленчук кој е најдостапен токму во овој период од годината. Рецептите вклучуваат морков, цвекло, целер, магдонос, кромид, како и тиквички и бундева, кои се во изобилство есенва. На чинијата се препорачува да има и житарици, и овошје со низок процент на шеќер (како јаболка, бобинки, лимон, грејпфрут).
Голем дел од диетата на д-р Дабровска се темели и на кисела зелка – чие време допрва доаѓа, па ова е совршен момент да се започне со оваа програма.