Ердоган прогласи победа на двојните избори – дали Турција го доби новиот султан?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Податоците за турските двојни избори (претседателски и парламентарни) кои ги објавуваат информативните извори блиски до владата на Реџеп Тајип Ердоган и оние на опозициското крило на Мухарем Инџе се прилично различни, поради што ќе треба да помине извесно време за да се дојде до релевантни информации и бројки. 

Но, непобитен факт е дека одѕивот на овој двоен изборен циклус беше исклучително висок, а за двата типа на избори – претседателски и парламентарни, процентот е над 87%. Првите резултати покажуваа 60% поддршка за Ердоган и 58% поддршка за Партијата на правдата и развојот (АКП), а таков резултат значеше победа. Податоците беа пренесени кај само 16% преброени гласови и со предупредување дека поддршката за Ердоган и неговата партија се намалува.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на предвремените избори во Турција, пред да бидат објавени официјалните резултати.

Државните медиуми објавија дека тој освоил 53% од гласовите, со што изборите беа заклучени уште во првиот круг, додека неговиот најголем ривал Муарем Инџе е на 31%.

Паралелно со претседателските, се одржаа и парламентарните избори и Ердоган соопшти дека неговата партија АКП ќе го задржи мнозинството, најмногу благодарение на сојузникот Националистичко движење.

И додека Ердоган кажа дека изборите биле успешен тест за демократијата во Турција, опозицијата тврди дека е рано да се прогласи победник.

„Се надевам дека никој нема да се обиде да фрли сенка врз резултатите“, изјави Ердоган.