Home Актуелно Ердоган му даде на Путин да проба од неговиот „путинизам“ – го остави да чека сам пред камери (снимка)

Ердоган му даде на Путин да проба од неговиот „путинизам“ – го остави да чека сам пред камери (снимка)

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на посетата на Техеран, остана да стои сам во соба пред голем број новинари додека чекаше да се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

На видеото снимено пред состанокот во Техеран, прикажан е Путин како прави серија гримаси за камерите речиси цела минута, пред Ердоган конечно да дојде да го поздрави.

Тоа беше непозната ситуација за рускиот лидер, кој има развиено репутација дека е тој кого го чекаат светските лидери, однсно, познато е дека пред секоја од средбите ги оставал намерно, понекогаш и неколку часа да го чекаат иако требало да започнат закажаните разговори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…