Home Љубов и секс Емоционално затворање: токсично однесување што ја уништува вашата врска

Емоционално затворање: токсично однесување што ја уништува вашата врска

СТОУНВОЛИНГ: ТОКСИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ КОЕ ЈА УНИШТУВА ВАШАТА ВРСКА

Замислете ѕид што се издига меѓу вас и вашиот партнер. Едниот едноставно станува недостапен и „се затвора“. Тоа е отприлика што значи стоунволинг. Но, на кои знаци треба да обрнете внимание и како да се справите со тоа?

Стоунволинг подразбира одбивање на комуникација и повлекување од разговор со цел да се создаде дистанца. Намерното прекинување на комуникацијата за време на кавга знае да биде штетно, фрустрирачки и деструктивно за врската. Често се манифестира преку следниве однесувања:

  • Општа непријатност при зборување за чувства
  • Отфрлување или минимизирање на загриженоста на партнерот
  • Одбивање да се одговара на прашања
  • Одбегнување контакт со очи или други невербални знаци на комуникација
  • Избегнување на разговори под стрес

Причини

Иако дистанцирањето може да биде штетно, тоа не секогаш значи дека има зла намера. Во суштина, стоунволинг е однесување што често произлегува од страв, анксиозност и фрустрација. Некои од причините поради кои некој би се прибегнал кон ова однесување се:

  • Општа тенденција да се избегнуваат конфликти (емоционална пасивност)
  • Желба да се намали тензијата во емотивно набиена ситуација
  • Искрено верување дека не може да се справи со дадената тема
  • Страв од реакцијата на партнерот или страв од тоа каде би можел да води разговорот
  • Уверување дека партнерот не сака да го реши конфликтот
  • Очај поради неможност да се најде решение
  • Начин да се прикаже партнерот како „преемотивен“ или „нерационален“
  • Алатка за манипулација со ситуацијата
  • Начин да се нагласат подлабоки проблеми во конфликтот

Видови стоунволинг

Вреди да се спомене дека стоунволинг честопати е научена стратегија уште од детството. Можеби тоа било однесување кое родителите го користеле за да избегнуваат конфликти или за да постават доминација во семејната структура. Ова однесување често е присутно кај луѓе кои се чувствуваат немоќно или имаат ниска самодоверба. Во тие рамки, тоа станува одбранбен механизам што им служи како компензација за емоционалната несигурност.

Постојат два главни начини на кои стоунволинг може да се појави во врска:

Ненамерно

Ова се случува кога се работи за научен образец на однесување што партнерите го користат за да се справат со тешки или емотивни ситуации. Луѓето што затвораат се најчесто оние што сакаат да избегнат ескалација или едноставно не сакаат да се соочат со непријатна тема. Истотака, може да постои страв од реакцијата на партнерот.

Намерно

Во екстремни случаи, стоунволингот се користи како манипулативна алатка од страна на личност што сака да го контролира партнерот или ситуацијата. Исто така, може да се користи за префрлување на вината врз другиот, без преземање лична одговорност. Во некои случаи се претвора во форма на гаслајтинг, кога личноста намерно го збунува партнерот, што со тек на време доведува до двоумење во сопствената реалност, мислење, сеќавања и самовреднување.

Последици врз врските

Без оглед на причината, стоунволингот сериозно ја нарушува врската. Партнерите често се чувствуваат понижено, емоционално злоставувано, па дури може да почнат да ја доведуваат во прашање сопствената вредност во односот.

Такво однесување означува неподготвеност за соочување со проблемите што се клучни за одржување стабилна и здрава врска. Истражувањата дури покажале дека стоунволингот има влијание и врз физичкото здравје на партнерите.

Конкретно, едно долгорочно истражување спроведено врз 156 парови во период од 15 години заклучило дека стоунволингот е поврзан со акутни мускулоскелетни симптоми како болка во грбот, вкочанетост во вратот и општа болка во мускулите, како и со зголемен крвен притисок, главоболки предизвикани од напнатост и забрзана работа на срцето.

На емоционално ниво, стоунволингот е крајно негативна и деструктивна форма на комуникација. Често доведува до емоционално отуѓување, што ја намалува интимноста во врската. Со емоционалното оддалечување се создава чувство на дистанца, што може да резултира и со прекин на односот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Што ги доведува жените до оргазам

Најновото истражување за пенисите откри дека жените избираат еден тип на пенис за авантури…