ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ СЕ ВРАЌА – ПЕТТАТА СЕЗОНА ЈА СЛЕДИМЕ ОД 18 ДЕКЕМВРИ, А ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ ВЕЌЕ СЕ ТУКА!
Нетфликс официјално објави дека петтата сезона од омилената серија Емили во Париз ќе има премиера на 18 декември.
Овој пат, Емили не води подалеку од француската престолнина – право во волшебната Венеција, каде што ја оставивме на крајот од претходната сезона, помеѓу каналите, гондолите и новите предизвици.
Според официјалниот опис, Емили сега е шефица на Agence Grateau Rome и се соочува со предизвици на работа, но и со заплеткани љубовни односи. Иако има успешни идеи, една погрешна одлука може сѐ да промени – и токму таа грешка покренува низа настани кои ќе ја разнишаат нејзината кариера и приватниот живот.
Првите фотографии од снимањето веќе „протекоа“ и ветуваат гламур, авантура и – секако – модна инспирација на секој чекор. Ако мислевте дека Емили е само париска икона на стилот, Венеција ќе ја прикаже нејзината нова страна – полна со шарм, предизвици и неочекувани пресврти.
Одбележете ја петтата сезона во календарот и подгответе се за камбекот во свет што ги обединува љубовта, кариерата и неодоливиот шик – затоа што Емили се враќа, и тоа не со празни раце!