
Изгледот на Јелена Ѓоковиќ отсекогаш бил импресивен.
Совршениот изглед на Јелена Ѓоковиќ, нејзиното одлично здравје и виткото тело се резултат на дисциплина и посветеност.
Секој знае дека сопругата на славниот спортист се откажала од многу намирници со цел нејзиното тело да остане витално и здраво што е можно подолго.
Месото и воопшто производите од животинско потекло не се дел од нивната исхрана, а Јелена со гордост истакнува дека и нивните деца, Тара и Стефан, доброволно ги следат во овој начин на исхрана.
Освен овој начин на исхрана, постои уште една тајна која го одржува изгледот на Јелена на завидно ниво – напитокот од куркума, кој се пие на празен желудник секое утро.
Подготовка на напитокот:
– ½ исцеден лимон
– ½ лажичка куркума
– ½ лажичка мед (или оризов/јачменов слад, агаве сируп…)
– ¼ лажичка цимет
– Прстофат бибер
– 1 шолја топла вода
Сите состојки треба да се соединат и убаво да се измешаат за зачините да не паднат на дното на шолјата. Напитокот се пие на празен желудник.
Може да се додаде и прстофат црн бибер за подобра апсорпција на куркумата.
Истражувањата покажуваат дека куркумата е природен лек и превентивно средство за разни заболувања: прекумерна тежина, дијабетес тип 2, хипертензија, проблеми со дигестивниот систем, гастритис, уринарниот тракт и бубрезите, како и разни видови рак. Куркумата е особено позната како одличен детоксикатор на организмот.