Home Вебкафе Еко рајот на славната актерка: внатре во раскошниот дом на Гвинет Палтроу во Монтецито

Еко рајот на славната актерка: внатре во раскошниот дом на Гвинет Палтроу во Монтецито

По повод својот 53-ти роденден, холивудската дива Гвинет Полтроу ги отвори вратите од нејзиниот префинет дом во Монтецито – раскошно прибежиште каде што луксузот се сретнува со одржливоста, а софистицираниот дизајн со природната хармонија.

Нејзината куќа не е типична холивудска екстраваганција, туку внимателно осмислен простор во кој доминираат светлина, топлина и мир. Наместо „њу ејџ“ спектакл кој многумина би го очекувале, Полтроу создала засолниште на елеганцијата, со јасен акцент на едноставноста и атмосфера која зрачи со спокој.

Уште од студентските денови на Универзитетот во Санта Барбара, актерката негува посебна врска со Монтецито. Во 2015 година, го пронаоѓа своето идно катче – обраснато со шума и речиси заборавено, како извадено од „Сиви градини“, и одлучува да го претвори во дом од соништата. Заедно со архитектите од студиото Роман и Вилијамс, се раѓа идејата за простор кој ја спојува париската елеганција со рустичниот шарм на европско селско имање.

Резултатот е вистинско архитектонско ремек-дело: долга камена вила со ќерамиден покрив, монолитен дизајн и простории исполнети со светлина, целосно напојувана со сончева енергија и иновативни системи за прочистување и рециклирање вода. Секој детал носи печат на уникатна изработка – од рачно изработените дрвени врати, преку мермерните камини од минати епохи, до оникс барот во дневната соба кој изгледа како скулптура.

Спа зоната, инспирирана од античките римски бањи, внесува доза на мистичност – плочки во нежни зелени нијанси, природни материјали и флуидни линии што создаваат атмосфера што ги милува сите сетила. „Тоа е простор каде што традицијата и современиот дизајн се во совршен танц“, објаснува Стандефер.

За внатрешното уредување се погрижила Бриџет Романек, долгогодишна пријателка на Полтроу, која внела топлина во секој агол. Комбинацијата на мебел со лични приказни – како уметничкиот лустер на Линдзи Аделман или висечката лежалка на Џим Зивик – му даваат на просторот доза на интимност и разиграна елеганција.

„Куќата мора да зрачи со енергија и чувство, а не само со стил,“ нагласува Полтроу. Токму во тоа се крие нејзината магија: овој дом не е само луксузна резиденција, туку лична приказна за трпение, истрајност и љубов кон естетиката. Седумгодишната изградба резултирала со совршен баланс меѓу природата и архитектурата – еко-оаза со олимписки базен, четири спални соби и градина на површина од осум хектари.

Домот на Гвинет Полтроу во Монтецито денес стои како сведоштво дека вистинската раскош лежи во едноставноста, одржливоста и искрениот сетилен однос кон убавината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…