Егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах – избегаа над 100.000 лица, останаа не повеќе од 1.000


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Теренскиот увид направен од мисијата на Обединетите нации во Нагорно Карабах вели дека по егзодусот во кој повеќе од 100.000 Ерменци избегаа во последните неколку дена, во регионот останаа само 50 до 1.000 припадници на ерменската етничка заедница.

– Целта на мисијата на ОН е да се види ситуацијата на терен и да се идентификуваат хуманитарните потреби на луѓето кои останале и оние што бегаат.Мисијата беше погодена од начинот на кој локалното население ненадејно ги напушти своите домови и страдањето што сигурно го предизвикало ова искуство – изјави портпаролот на ОН, Стефан Дујарик.

Вчера тимот на ОН го посети главниот град на Карабах, кој Ерменците го нарекуваат Степанакерт, а Азербејџанците го нарекуваат Ханкенди.

– Тимот на ОН кој го посети Нагорно-Карабах во Азербејџан не забележал никаква штета на цивилната инфраструктура како што се болници, училишта, домови или културни и верски објекти – соопшти Дујарик.

Ерменија го обвини Азербејџан за етничко чистење, тврдење кое Баку го негираше. Властите во Баку тврдат дека Ерменците од енклавата се добредојдени да останат на таа територија. Од Азербејџан, истакнаа и дека немаат намера да ја нападнат Ерменија.

Ерменија во понеделникот ја повика Европската унија да го санкционира Азербејџан поради неговата воена операција во Нагорно-Карабах и предупреди дека Баку наскоро ќе ја нападне Ерменија доколку Западот не преземе цврста акција.