Повеќенаменското makeup моливче станува сè поинтересна алтернатива на класичниот пристап кон шминкањето, во кој за секој дел од лицето имаме посебен производ. Наместо неколку различни производи, една формула може да послужи за дефинирање на очите и усните, нагласување на јаболчниците, па дури и за исцртување на веѓите, зависно од конкретната формула и нијанса.
Идејата со помалку производи да се постигне повеќе одлично се вклопува во трендот на едноставна, секојдневна makeup рутина, но и во желбата да бидеме покреативни во начинот на кој ја користиме шминката. Но, дали едно моливче навистина може да замени неколку производи од несесерот или неговата најголема предност е тоа што ни овозможува полесно да експериментираме со различни makeup техники?

Повеќенаменски makeup моливчиња што вреди да ги испробате
Make Up For Ever Artist Color Pencil
Ако постои производ што совршено ја илустрира идејата за повеќенаменски makeup моливчиња, тоа е Make Up For Ever Artist Color Pencil. Ова дрвено моливче е осмислено за дефинирање на очите и усните, но и за контурирање на лицето. Има интензивна пигментација, а благодарение на кремастата текстура лесно се блендира. Неговата предност е што може да се користи и за прецизно исцртување, но и за помеки, blured ефекти. Неутралните кафеавкасти нијанси се погодни за дефинирање на контурите и усните, додека розовите и коралните тонови можат да послужат како основа за монохроматски makeup, во кој слични нијанси се повторуваат на очите, усните и образите.


The Body Shop Freestyle Multi-Tasking Crayon
Уште еден интересен пример доаѓа од брендот The Body Shop. Freestyle Multi-Tasking Crayons се повеќенаменски креони што можат да се користат на очите, усните и образите, а достапни се во 10 нијанси со мат и сјајна завршница. Нивната кремаста, кадифена текстура овозможува лесно нанесување, додека интензитетот на бојата може да се приспособи на посакуваниот ефект, од суптилен дневен makeup изглед до повпечатлива вечерна шминка. Формулата е збогатена со shea путер и содржи 89% состојки од природно потекло.


NARS The Multiple
Иако не е класично моливче, туку кремаст стик, NARS The Multiple заслужува свое место во оваа приказна за makeup мултитаскери. Овој производ е осмислен за употреба на очите, усните, образите и други делови од лицето, а кремастата текстура овозможува лесно нанесување и блендирање. За разлика од класично моливче, стикот е попрактичен кога сакаме бојата да ја нанесеме на поголема површина. Може да послужи за нагласување на јаболчниците, додавање топлина на тенот или како сенка за очи, со што се постигнува иста нијанса на повеќе делови од лицето.

Извор: Lepota i Zdravlje