Едно лице потешко и пет полесно повредени во сообраќајката кај Кула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една жена е потешко повредена и пет полесно повредени лица е епилогот од сообраќајната несреќа која утрово се случи на автопатот Велес-Скопје, кај местото Кула, а во која учествуваа пет возила.

Според информации на Телма жената е префрлена во скопскиот Ургентен центар, но за сега се прават испитувања на сериозноста на повредите со кои што се здобила. Останатите петмина се префрлени во велешката болница..

Од велешката полиција информират дека несреќата се случила помеѓу пет возина а најверојатна причина е лизгавиот коловоз во утринските часови. Додека траел увидот било повикано и дополнително возило на брза помош.

Сообраќајната несреќа се случила кај местото Кула а автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај, информираат од АМСМ.